Пилешка чорба со 3 вида печурки (по рецепт на Џовани)
Состојки
- 4 копанчиња
- 2 компири
- 1 поголем морков
- 1 главица кромид
- 2 лажици ситно сецкани шампињони
- 2 лажици ситно сецкана буковка
- 2 лажици ситно сецкана јајчарка
- 1 коцка за супа
- 1 паковка готова супа
- 2л вода
- 5 супени лажици масло
- 1 кафена лажица брашно
- 1/2 кафена лажица црвена пипер
- Уште ќе ви треба и
- 1 јајце
- 1 лажица павлака
- мешан сув зачин по потреба
- сол по потреба
Подготовка
Подготовка
Во тенџере на оган ставете ги водата, копаните, солта и мешаниот сув зачин и сецканите компири.
Откако ќе се сварат копанчињата, им ги вадиме коските и ги враќаме во тенџерето. Овде додадете една коцка за супа и една паковка готова супа.
Во тавче на тивок оган, ставете малку масло и сецкан морков. Кога морковот ќе биде омекнат, ставете го ситно сецканиот кромид и сецканите печурки да се пржат околу 5 мин. Потоа, додадете ги во тенџерето и оставете чорбата да врие околу 10 минути.
Во друго тавче на тивок оган направете запршка со масло, брашно и црвена пипер, кратко мешајќи да добиете еднолична смеса и додадете ја во тенџерето. Оставете да поврие уште неколку минути
На крај изматете едно јајце со павлака и додадете ја во чорбата. Промешајте.
Добар апетит