Вкусна супа која се подготвува од малку состојки и многу брзо. Во ладните есенски и зимски денови кај нас е често подготвувана.
Подготовка
1. На пиперките отстранете им ги дршките и исчистете ги од семето, па потоа исечкајте ги на коцки. Кромидот и лукот исечкајте ги ситно. Компирите излупете ги и нив исечкајте ги на коцки. Сварете 400 мл. зеленчукова супа од коцка.
2. Во едно подлабоко тенџере ставете го маслиновото масло да се загрее и додадете го кромидот да се пржи. Кога ќе омекне ставете ги пиперките и лукот. Пржете ги на средна температура околу 2 минути.
3. Додадете ги компирите па кратко пропржете. Излијте го виното и супата од зеленчук. Посолете, убаво побиберете, додадете го мелениот црвен пипер и меленото чили. Поклопете го тенџерето и оставете на средна температура 15 минути да се вари.
4. Со рачен блендер испасирајте го зеленчукот. По желба може да додадете 1/2 лажиче лимон.
5. Отстранете и ги корките на кришката тост леб. Средината исечкајте ја на мали коцки. Ставете ги во нелепливо тавче и печете ги на средна температура без додадок на масло. Готови се кога благо ќе поруменат.
6. Послужете ја супата топла, со додадок на изматена кисела павлака и неколку коцки печен тост.
За оние кои не сакаат алкохол во храната - количината од зеленчуковата супа зголемете ја за 80-100мл.
Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани