Испечати

Пикантна супа од црвени пиперки

Пикантна супа од црвени пиперки

Состојки

  • 2 поголеми црвени пиперки
  • 2 мали главици кромид
  • 1 чешне лук
  • 150гр. компири
  • 80мл. суво бело вино
  • 400мл. супа од зеленчук (коцка)
  • 1 лажиче мелен црвен пиппер
  • мелено чили (по вкус)
  • 1 лажица кисела павлака
  • 1 парче тост леб
  • 2 лажици маслиново масло

Подготовка

Вкусна супа која се подготвува од малку состојки и многу брзо. Во ладните есенски и зимски денови кај нас е често подготвувана.
Подготовка
1. На пиперките отстранете им ги дршките и исчистете ги од семето, па потоа исечкајте ги на коцки. Кромидот и лукот исечкајте ги ситно. Компирите излупете ги и нив исечкајте ги на коцки. Сварете 400 мл. зеленчукова супа од коцка.
2. Во едно подлабоко тенџере ставете го маслиновото масло да се загрее и додадете го кромидот да се пржи. Кога ќе омекне ставете ги пиперките и лукот. Пржете ги на средна температура околу 2 минути.
3. Додадете ги компирите па кратко пропржете. Излијте го виното и супата од зеленчук. Посолете, убаво побиберете, додадете го мелениот црвен пипер и меленото чили. Поклопете го тенџерето и оставете на средна температура 15 минути да се вари.
4. Со рачен блендер испасирајте го зеленчукот. По желба може да додадете 1/2 лажиче лимон.
5. Отстранете и ги корките на кришката тост леб. Средината исечкајте ја на мали коцки. Ставете ги во нелепливо тавче и печете ги на средна температура без додадок на масло. Готови се кога благо ќе поруменат.
6. Послужете ја супата топла, со додадок на изматена кисела павлака и неколку коцки печен тост.
За оние кои не сакаат алкохол во храната - количината од зеленчуковата супа зголемете ја за 80-100мл.
Добар апетит!