Видео рецепт: Плескавица со црвени пиперки, моцарела и чипс од тиква
Кога самите правите плескавици тоа значи дека можете да гарантирате за состојките во нив, како и да си поигрувате со различни ароми и вкусови. Овде Ви нудиме обичен рецепт за плескавица со необичен фил.
Состојки
- 2 земички за плескавица
- 2 кришки Моцарела
- 250 грама мелено телешко месо
- 1 супена лажица оригано
- 1 главица црвен кромид
- 2 чешниња лук
- половина печена пиперка
- 2 кришки домат
- 2 големи листа марула
- половина мала тиква
- сол и бибер
- маслиново масло
Подготовка
Чекор 1: Прво ќе ги направиме плескавиците. Изрендајте го лукот, а потоа и кромидот.
Потоа во длабока чинија ставете ги меленото месо, кромидот, лукот и ориганото и зачинете со сол и бибер.
Засукајте ги ракавите и извалкајте ги рацете мешајќи ги сите состојки заедно. Многу рецепти за плескавици содржат јајце или презла, но со тоа што ставаме кромид добиваме полесна и поздрава состојка за врзување. Кога смесата добро ќе се врзе, оставете ја малку во фрижидер.
Чекор 2: Време е за сечкање. Прво исечкајте го доматот… Подоцна ќе го ставиме
во земичката. Сега исечкајте ги печените црвени пиперки. Потоа и моцарелата. На крај исечкајте ја тиквата на поголеми парчиња во форма на чипс.
Чекор 3: Извадете го месото од фрижидер... изгмечете го на даската и исечете го на 4 парчиња.
Од 500 грама мелено месо се прават 4 плескавици, но овде ќе ни требаат само две. Со раце правиме топчиња од месото пред да го полниме.
А сега полнењето… Направете џеб во средината на плескавицата – наполнете го со моцарела и парче црвена пиперка.
Потоа затворете го топчето мелено месо околу филот, со раце давајќи му форма на плескавица.
Чекор 4: Време е за грил – Ќе ја затвориме плескавицата и ќе го почнеме процесот на подготовка во грил тавата, а подоцна ќе ја ставиме во рерна… Убаво затворете ја плескавицата од двете страни за да се задржат бојата и вкусот.
Ставете ги плескавиците во Делимано тавата за печење заедно со чипсот кој го зачинивме со сол, бибер и маслиново масло.
Печете во рерна на 150 степени во траење од 20 минути додека плескавиците не станат цврсти, но не и премногу тврди… Чипсот ќе биде готов за приближно исто време.
Чекор 5: Време е за сервирање: Плескавицата ја сервираме во земичка со марула и кришки од домати. Чипсот наредете го отстрана во купчиња, по три парчиња во секое купче.
СОВЕТ: Овој забавен рецепт не само што изгледа одлично, туку има и одличен вкус. Подгответе го во текот на летото и плескавиците испечете ги на скара.
А можете да се обидете и со друга варијанта за филот и да ни кажете како Ви успеало.
Користени Делимано садови за подготовка на овој рецепт: Ростер ; Грил тава
што ми направивтееееее!?!? :) :) :) :)
кај полнета плескавица па уште и чипс од тиква, ќе си умрам пред монитор гладна :) :) :) :)
ова се споделува под итно! :) :) :) :)
Милица, и ние истото го помисливме и би ни било драго да е така...многу поздрава опција :)
Ајде, ве чекаме да пробате па да ни кажете впечатоци. Наместо тиква, пробајте варијанта со сладок компир кој има многу сличен вкус на тиква.