Според самото име лесно се заклучува дека е салата која налутнува. Кој нема мени луто, никој не брани да си стави благи пиперчиња.
1. Корнишоните и морковот насечете ги по форма како ви е на вас по воља. Додадете ги мали везени пиперки или феферонките на кои рачките им ги подсекувате. На целото ова додајте го копарот, насечканиот лук и магданосот.
2. Сите потребни состојки за маринадата додајте ги во насечениот зеленчук, измешајте и оставете да одстои 2 часа за кое време зеленчукот го испушта својот сопствен сок.
3. Наполнете ги теглите и залејте ги со течноста од зеленчукот, затворете со капачињата. Ставете ги да се пастеризираат онолку време колку што е потребно да се вакумират капачињата.
Толку. Брзо, лесно - а вкусно!
НАПОМЕНА
1 чаша = 200 мл.
Јас немав ниту мали везени пиперки ниту феферонки, затоа ги исеков везените пиперки и пак ке биди, нема да не биде!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани