5
јун
2020
Пикантна млечна салата
Едноставна,освежителна,пикантана салата.
Прво сусамот го тостираме односно ставаме на тава и загреваме со постојано мешање со дрвена лажица додека почнат да пукаат семињата.Се трга на страна да олади.Се мешаат киселото млеко(овојпат ставив кравјо кисело млеко) и павлаката.Се ренда сирењето(и тоа беше кравјо) и се додава кон млекото.Се сече ситно пиперката и лукчињата и се додава кон салатата.Свежата краставица се ренда и се и таа се додава кон салатата.На крај се додава и сусамот.Се заедно се меша и се остава малку во фрижидер пред служење.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови