Пикантна велам, но не мора да е само за љубителите на лутото, може да си го спремите и од благи пиперки. Јас перферирам токму ова што го пишувам.
 
Пиперчињата
- Лукот исчистете и ситно насецкајте, преку преса стиснете или истолчете го.
- Измиените, избришани од водата и на врвот засечени пиперчињата, без да им ја тргате рачката,  испржете ги и при самиот крај додадете им го шеќерот, солта, лукот и оцетот. Извадете ги пиперчињата во чинија во која ќе ја спремите салатата.
Сос
Измешајте во киселото млеко лукот, магдоносот, копарот и солта, со добиениот сос прелијте ги пиперчињата.
Доколку сакате, а не мора (но топло ви препорачувам) најпрвин пробајте на вкус маслото во кое се пржеа пиперките, ако сметате дека ви е кисело, додадете шеќер, ако не ви е солено, додадете сол.. односно дотерајте го по ваш вкус, повторно вратете ја тавата на оган, нека се загрее, тргнете од огнот и додадете малку црвен пипер. Со вака добиениот сос, слободно прелијте врз пиперките и сосот од млеко.
Толку е ...
Забелешка
Мене лично неодоливо ми е вкусно кога вратам во фрижидерот тањирот во кој сум ја спремала салата да се добро излади. Одлично за мезе, одличен прилог кон друго јадење, не помалку лепчето во раката и топенда...
Сум ја првела и со мешавина од пиперчиња и благи и лути, ама ова денешното е мноооогу луто, сеуште нема феферонки да ги правам вака, но затоа оваа лута сомборка ме пребендиса, таа има посебен вкус.
Спремете количински колку сакате, не мора 10, може и 20 пиперчиња, но може и 5. Не мора ниту млекото да е во таа количина, ставам секогаш повеќе... Доколку имате спремано феферонки по рецепт кој се пржени и ставани во саламура, тогаш само извадете од нив, ви останува да го спремите сосот.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани