Пикантна салата
Состојки
- 4 кгр. корнишони
- 1 кгр. моркови
- 1/2 кгр. феферонки или везени пиперки
- 2 глави лук, малку копар и ракатка магданос
- Маринада
- 4 чаши алкохолен оцет
- 1 чаша зејтин
- 8 супени лажици сол
- 17 супени лажици шекер
Подготовка
Според самото име лесно се заклучува дека е салата која налутнува. Кој нема мени луто, никој не брани да си стави благи пиперчиња.
1. Корнишоните и морковот насечете ги по форма како ви е на вас по воља. Додадете ги мали везени пиперки или феферонките на кои рачките им ги подсекувате. На целото ова додајте го копарот, насечканиот лук и магданосот.
2. Сите потребни состојки за маринадата додајте ги во насечениот зеленчук, измешајте и оставете да одстои 2 часа за кое време зеленчукот го испушта својот сопствен сок.
3. Наполнете ги теглите и залејте ги со течноста од зеленчукот, затворете со капачињата. Ставете ги да се пастеризираат онолку време колку што е потребно да се вакумират капачињата.
Толку. Брзо, лесно - а вкусно!
НАПОМЕНА
1 чаша = 200 мл.
Јас немав ниту мали везени пиперки ниту феферонки, затоа ги исеков везените пиперки и пак ке биди, нема да не биде!