Во садот за месење ставете го пивото, па додадете го квасецот, солта, шеќерот и маслото. Потоа постепено додавајте брашно и замесете тесто. Овде можи да го искористите и миксерот со додатоците за тесто. Оставете да се дуплира, па префрлете го во долгунест калап обложен со пек-хартија.
Печете на 180 степени околу 20 мин. (провизорно).
Испечениот леб премачкајте го со вода со помош на четче и покријте го околу 5 мин. Потоа извадете го од калапот и завиткајте го во платнена пацета да подолади.
Од наведените состојки излегува една мала векна леб. Ако сакате поголема, или повеќе дуплирајте ја дозата. Лебот има интересен вкус, кој кога ќе се проба едно залаче колку и да не ви е до јадење, ќе посакате уште. Со тоа се сложија и најпребирливите кои го пробаа.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани