Пивски пишии
Од брашното и пивото се замесува немногу тврдо тесто. Се дели на топчиња кои се расукуваат со сукалка, се става рендано сирење на коричката која ке ја добиете- па замотајте како ролат. Вака добиената кора завиткајте ја во полжав, па пак со сукалото расукајте да добието повторно круг. Пржете ги во малку зејтин.
Напомена- количините на брашно и пиво не се напишани само поради тоа што ова се работи по слободна оценка зависно колку ви е потребно да приготвите. За посипување освен сирење можете да си изберете вие по ваш сопствен вкус - односно што сака да јаде вашето семејство.
Доколку не сакате да ги пржите во зејтин, слободно загрејте тавче,нив премачкајте ги со зејтин - уште подобро маслинов зејтин, и само ги подпечете.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
ме потсети на баба ми. штом побараш рецепт од неа почнува: една шака брашно, тоцку шеќер, нешто друго од око....па ти иди снајди се :) :) :) :)
а не да готвеше добро....оф оф оф :)
Се мислам, дали тестото треба да се замеси со квасец или со пециво, или пак самото пиво ја има функцијата на квасец? поздрав
ги направив, ама малку ги модифицирав :)
прво направив 1-2 големина на делимано тавчето за пржење, ама дека гости доаѓаа, а јас сфатив дека фингр фуд ми лежи, секое кругче го сечев на мали парленца и го пржев. ФЕНОМЕНАЛНО КРЦКАВО И ШМЕКАВО. додадов во тестото ситно сецкани перца од кромид. НИШТО НЕ ОСТАНА. се утепавме од мацкање во намазот од лук, сосот од сенф и мед и мајонезот од сончоглед. две мои, едно твое макалце. за сите имам слики :) :) :) :)