11
фев
2016
Пивски колачи со локум
Брашното, пецивото, ванилата, какаото, зејтинот и пивото се замесуваат.
Од тестото се прават топчиња (јас ги правам помали од орев).
Во секое топче се става по едно коцкиче локум и се редат во тава за печење.
Откако ќе бидат готови се оставаат да се изладат.
Ладните колачи се ставаат во топол шербет и се валкаат во кокос.
Шербетот се подготвува на тој начин што водата и шеќерот се ставаат во тенџере да провријат, но шербетот треба да биде поредок од оној за баклава.
Откако ќе примат од шербетот колачите се валкаат во кокос.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови