Пивски колачи со локум
Состојки
- Тесто
- 1кгр брашно
- 1 пециво
- 1 ванила
- 1-2 лажици какао
- 3 филџани (за кафе 130мл) зејтин
- 3 филџани (за кафе 130мл) пиво
- 0,5 кгр локум
- Шербет
- 3 шољи (за чај 250мл) вода
- 3 шољи (за чај) шеќер
- За валкање
- 3 кесички кокос
Подготовка
Брашното, пецивото, ванилата, какаото, зејтинот и пивото се замесуваат.
Од тестото се прават топчиња (јас ги правам помали од орев).
Во секое топче се става по едно коцкиче локум и се редат во тава за печење.
Откако ќе бидат готови се оставаат да се изладат.
Ладните колачи се ставаат во топол шербет и се валкаат во кокос.
Шербетот се подготвува на тој начин што водата и шеќерот се ставаат во тенџере да провријат, но шербетот треба да биде поредок од оној за баклава.
Откако ќе примат од шербетот колачите се валкаат во кокос.