Пивски леб
Во садот за месење ставете го пивото, па додадете го квасецот, солта, шеќерот и маслото. Потоа постепено додавајте брашно и замесете тесто. Овде можи да го искористите и миксерот со додатоците за тесто. Оставете да се дуплира, па префрлете го во долгунест калап обложен со пек-хартија.
Печете на 180 степени околу 20 мин. (провизорно).
Испечениот леб премачкајте го со вода со помош на четче и покријте го околу 5 мин. Потоа извадете го од калапот и завиткајте го во платнена пацета да подолади.
Од наведените состојки излегува една мала векна леб. Ако сакате поголема, или повеќе дуплирајте ја дозата. Лебот има интересен вкус, кој кога ќе се проба едно залаче колку и да не ви е до јадење, ќе посакате уште. Со тоа се сложија и најпребирливите кои го пробаа.
Лиценца: Сите права се задржани
Дианче, по правило овој леб треба да е со крцкава коричка и мек внатре. Јас го премачкував со вода, затоа што имам „тересене“ шпотер кој не знае полека да печи... и после си беше таман крцкав а мек внатре. Но, ти сама ке си процениш кога ќе се испечи дали ќе го премачкаш или не. Во секој случај ништо не менува тоа на вкусот и се надевам дека исто ќе ви се допадни :)
Лили, позннато ми е тоа за тебе ;)
Denes pak pravam (ako ae racuna pravenje nesto 5min. rabota :))
Морав да се изјаснам, оти комплекс на неписмена почна да ми се ствара :)))
А за тастатурата, со среќа - ама најлонот ќе мора да го извадиш :)))