Пивски пишии
Состојки
- по ваш оцена брашно
- по потреба пиво
- по потреба сирење
Подготовка
Од брашното и пивото се замесува немногу тврдо тесто. Се дели на топчиња кои се расукуваат со сукалка, се става рендано сирење на коричката која ке ја добиете- па замотајте како ролат. Вака добиената кора завиткајте ја во полжав, па пак со сукалото расукајте да добието повторно круг. Пржете ги во малку зејтин.
Напомена- количините на брашно и пиво не се напишани само поради тоа што ова се работи по слободна оценка зависно колку ви е потребно да приготвите. За посипување освен сирење можете да си изберете вие по ваш сопствен вкус - односно што сака да јаде вашето семејство.
Доколку не сакате да ги пржите во зејтин, слободно загрејте тавче,нив премачкајте ги со зејтин - уште подобро маслинов зејтин, и само ги подпечете.