Со мелено месо може да се подготват безброј рецепти...Еве уште една идеја за подготовка на ќофтиња...

Подготовка
1. Ја подготвуваме смесата за ќофтињата. Сите состојки ги ставаме во еден сад и ги соединуваме. Ако смесата ни е многу ретка, додаваме лебни трошки.
2. Сланината и кашкавалот ги сечкаме на парчиња во форма на квадар или со големина на ќофтињата кои ќе ги формираме.
3. Земаме од месото го расплескуваме на дланка, ставаме по парче кашкавал и сланина и го затвораме од сите страни. Го редиме во намрсено тавче.
4. Помеѓу ќофтињата ставаме парчиња пиперка.
5. Ги печеме на 200 степени околу 20 минути, времетраењето зависи од рерната.

Забелешка
Прилог кон ќофтињава подгответе си по желба и вкус, кај мене набрзина подготвено пире од компирови снегулки.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани