10
мар
2014
Бовчички со ќофтиња и кашкавал
Подготовка на палачинките
1. Палачинките стандардно ги правам - во блендер ги матам сите состојки за палачинките и ги пржам во тавче за палачинки
Подготовка на ќофтињата
1. Сите состојки заедно ги замесувам (оризот претходно малку се обарува)
2. Од смесата правам мали ќофтиња со големина колку пинг-понг топче
3. Ги пржам ќофтињата на врело масло
4. Се оставаат малку да изладат
- Врз секоја палачинка ставам по едно ќофте и малку рендан или сечкан кашкавал, може и малку ситно сечкан млад кромид и ја виткам палачинката како мала бовча и ја врзувам со перце од млад кромид
Лиценца: Сите права се задржани