Бовчички со ќофтиња и кашкавал
Состојки
- За палачинките
- 2 јајца
- 1/2 лажиче сол
- 1/2 пакетче прашок за печиво
- 100 мл млеко
- 50 мл масло за јадење
- 250-300 гр брашно
- по потреба брашно
- За ќофтиња
- 200 гр мелено месо (мешавина од свинско и говедско)
- 1/2 рака ориз (претходно обарен и омекнат)
- 1 лажица мешан зачин
- 1/2 лажиче сол
- 1/2 пакетче прашок за печиво
- малку црн бибер
- малку ситно сечкан магдонос
- малку ситно рендан морков
- 1 жолчка од јајце
Подготовка
Подготовка на палачинките
1. Палачинките стандардно ги правам - во блендер ги матам сите состојки за палачинките и ги пржам во тавче за палачинки
Подготовка на ќофтињата
1. Сите состојки заедно ги замесувам (оризот претходно малку се обарува)
2. Од смесата правам мали ќофтиња со големина колку пинг-понг топче
3. Ги пржам ќофтињата на врело масло
4. Се оставаат малку да изладат
- Врз секоја палачинка ставам по едно ќофте и малку рендан или сечкан кашкавал, може и малку ситно сечкан млад кромид и ја виткам палачинката како мала бовча и ја врзувам со перце од млад кромид