Пилешки ќофтиња полнети со кашкавал и виршла
Пилешките прсти ги сецкаме во сецко. Во нив го додаваме мешан зачин, буковецот, презлата, ориганото и замесуваме со едно јајце. Со намрсени раце формираме ќофте на средина ставаме малку рендан кашкавал и виршла која сме ја исекле на еден сантиметар. Од една голема виршла добивате десет мали парчиња. Секое наполнето ќофте го затвараме и ставаме во изматено јајце. Ќофтето го префрламе во презла со сусам и го валкаме од сите страни. Вака подготвените ќофтиња ги пржиме во делимано тава за пржење на тивок огин.
Добар апетит!!!
Од оваа количина подготвуваме десет ќофтиња.
Лиценца: Сите права се задржани