10
јул
2013
Рижото со тиквичка и виршла
Во тенџерче или поголема тава на загреано масло испржете го ситно исечканиот кромид со пиперката, тиквичката и виршлата, оставете се заедно убаво да се издинста додека вода испари, повремено промешувајте.
Кога водата испарила додајте го оризот и пржете додека се застакли.
Додајте 1/3 од бујонот, сол, бибер, мешан зачин, постојано мешајте кога водата испарила додајте ја 2/3 од останатиот бујон, а на крајот и остатокот, ако има потреба додадете млака вода да се довари оризот. При крајот додадете го магданосот. Кога е готово тргнете го да се подолади и послужете. =)
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови