Се остава квасецот во малку топла вода, брашно и шеќер да стаса и се додава на брашното. Се додаваат и павлаката и солта и со млако млеко се меси тесто. Се остава на топло да стои околу половина час. Се премесува и се расукува кора со дебелина од пола сантиметар од која сечиме кругови и ленти со ширина од 1 см кои ќе служат како нозе. Виршлите ги сечиме на четвртинки.
Во подмачкан плех редиме 2 ленти, парче виршла и најгоре кругот малку засечен, кој ќе служи место оклоп на желките. Се премачкуваат со жолчката, по желба можи да ги посолите малку. (а следен пат мислам да ги испробам и со сенф и буковец). Се печат на температура од 200 степени додека малку ја потемнат бојата.
Добар апетит!

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови