Виршла желки
Се остава квасецот во малку топла вода, брашно и шеќер да стаса и се додава на брашното. Се додаваат и павлаката и солта и со млако млеко се меси тесто. Се остава на топло да стои околу половина час. Се премесува и се расукува кора со дебелина од пола сантиметар од која сечиме кругови и ленти со ширина од 1 см кои ќе служат како нозе. Виршлите ги сечиме на четвртинки.
Во подмачкан плех редиме 2 ленти, парче виршла и најгоре кругот малку засечен, кој ќе служи место оклоп на желките. Се премачкуваат со жолчката, по желба можи да ги посолите малку. (а следен пат мислам да ги испробам и со сенф и буковец). Се печат на температура од 200 степени додека малку ја потемнат бојата.
Добар апетит!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
ти која нинџа желка сакаше да бидеш кога ќе пораснеш? :) :) :) :)
милице ако беа комплицирани немаше да ги правам и нив пред полноќ хехе. само така личат дека се со лик. и кога јас успеав да ги направам и да личат барем малку на овие животинки, сигурна сум дека секој ќе може и подобро.
почна многу да ме фалиш денес, ќе те ставам во омилена хихихи...
Инаку еднаш од тесто за леб (дека другото уште не сум го „усовршила“ :)) Направив желчиња како на сликата - имав видено пример негде, ама секако би требало да се направи со некое тесто ко за кифли за да се јаде :))))) Вие што сте повешти со тесто, еве ви идеја :)