Рижото со тиквичка и виршла
Состојки
- 1 поголема главица кромид
- 1 средна тиквичка на коцки
- 1 зелена пиперка на коцки
- 1 виршла или повеќе на коцки
- 250 гр. ориз
- 1 литар пилешки или зеленчуков бујон
- сол,бибер,мешан зачин по вкус
- магдонос по желба
Подготовка
Во тенџерче или поголема тава на загреано масло испржете го ситно исечканиот кромид со пиперката, тиквичката и виршлата, оставете се заедно убаво да се издинста додека вода испари, повремено промешувајте.
Кога водата испарила додајте го оризот и пржете додека се застакли.
Додајте 1/3 од бујонот, сол, бибер, мешан зачин, постојано мешајте кога водата испарила додајте ја 2/3 од останатиот бујон, а на крајот и остатокот, ако има потреба додадете млака вода да се довари оризот. При крајот додадете го магданосот. Кога е готово тргнете го да се подолади и послужете. =)