Печени ќофтиња со кашкавал
Вкусни ќофтиња, меки по состав и лесни за подготовка. Од оваа смеса излегуваат многу, ама доволно за мојата фамилија. Инаку вистинскиот рецепт е со половина од оваа доза. Вие прилагодете си ја дозата според ваша проценка.
1. Компирите излупете и изрендајте ги.
2. Од состојките за ќофте замесете убава смеса. Ако ви е недоволно цврста, додадете лебни трошки, во поголема количина од напишаната. Пожелно е да ја оставите во фрижидер неколку часа.
3. Потоа формирајте ќофтиња кои ќе имаат вдлабнатина во средината, налик на гнезда.
4. Ќофтињата ставете ги во подмачкан плех или на хартија за печење.
5. Во секое ќофте ставајте од филот (рендан кашкавал измешан со јајца).
6. Тавчето прекријте го со алуминиумска фолија и печете во добро загреана рерна на 200 степени, околу 20 минути. Потоа отстранете ја фолијата и печете уште 10 минути.
Лиценца: Сите права се задржани