Во еден литар млеко сварете ги четирите пудинзи. Оставете убаво да се олади. Потоа изматете го пенесто маргаринот со шеќерот. Изматете ги пудинзите со маргаринот и шеќерот. Смесата поделете ја на три дела. Во првиот дел ставете ги бисквитите, во вториот дел кокосовото брашно, а во последниот мелените ореви. По истиот редослед исутрете ги филовите во калапот и убаво измазнете. Најгоре нанесете го шлаг кремот. Убаво изладете пред служење

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови