Испечати

Песок торта (без печење)

Песок торта (без печење)

Состојки

  • 1 литар млеко
  • 4 пудинзи од ванила
  • 330 гр. шеќер во прав
  • 250 гр. маргарин/путер
  • 200гр. мелени бисквити
  • 200гр. кокосово брашно
  • 200гр. мелен орев
  • 1 кесичка шлаг

Подготовка

Во еден литар млеко сварете ги четирите пудинзи. Оставете убаво да се олади. Потоа изматете го пенесто маргаринот со шеќерот. Изматете ги пудинзите со маргаринот и шеќерот. Смесата поделете ја на три дела. Во првиот дел ставете ги бисквитите, во вториот дел кокосовото брашно, а во последниот мелените ореви. По истиот редослед исутрете ги филовите во калапот и убаво измазнете. Најгоре нанесете го шлаг кремот. Убаво изладете пред служење