1. Од литар млеко одвојуваме 100 мл во кои ги ставаме пудинзите, останатото млеко го ставаме на оган
2. Кога млекото ќе биди заграно го додаваме претходно измешаното млеко со пудинзите и 10 лажици шеќер. Мешаме постојано додека не се добие хомогена смеса. Потоа оставаме да се излади.
3. Сместа ја делиме на три дела. Во првиот дел додаваме 300 грама мелени ореви и убаво мешаме да се добие хомогена смеса. Во вториот дел додаваме 200 грама кокос, 50 грама мелени ореви и 50 грама мелени бисквити и мешаме. Во третиот дел додаваме 300 грама мелени бисквити.
4. Во калап за ролат ставаме најлонска фолија. најпрвин го ставаме првиот дел ( за кога ќе го превртиме калапот да биде најгоре ), потоа вториот дел и на крај третиот дел. Ја ставаме на ладно да се стегне.
Од оваа количина јас направив 2 калапи

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани