Песок торта
1. Од литар млеко одвојуваме 100 мл во кои ги ставаме пудинзите, останатото млеко го ставаме на оган
2. Кога млекото ќе биди заграно го додаваме претходно измешаното млеко со пудинзите и 10 лажици шеќер. Мешаме постојано додека не се добие хомогена смеса. Потоа оставаме да се излади.
3. Сместа ја делиме на три дела. Во првиот дел додаваме 300 грама мелени ореви и убаво мешаме да се добие хомогена смеса. Во вториот дел додаваме 200 грама кокос, 50 грама мелени ореви и 50 грама мелени бисквити и мешаме. Во третиот дел додаваме 300 грама мелени бисквити.
4. Во калап за ролат ставаме најлонска фолија. најпрвин го ставаме првиот дел ( за кога ќе го превртиме калапот да биде најгоре ), потоа вториот дел и на крај третиот дел. Ја ставаме на ладно да се стегне.
Од оваа количина јас направив 2 калапи
Лиценца: Сите права се задржани
Порано ја правев многу често, сега ја немам направено подолго време, затоа дури сега е рецептот, Љубица ти да кажеше дека го бараш ќе ти го кажев:))
Фала на тебе
Да да многу е брза и вкусна и не се печи:)