15
апр
2015
Поховани јајца со пире
Компирите излупете ги, ставете ги да се сварат кога се готови убаво изгмечете ги ставете сол, бибер, зачин и измешајте.
Додадете 2 лажици путер и една лажица брашно и убаво измесете го пирето. Земете од пирето и направете една топка, а потоа сплескајте ја ставете едно варено јајце и повторно направете кружна форма.
Натопете во изматено јајце и извалкајте во презла. Повторете ја постапката со преостанатите јајца.
Пржете ги во загреено масло додека да поруменат. Пред сервирање исечете ги на половина.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови