16
јун
2013
Ослич во сос од домати
Рибата се сече на парчиња и тие се посолуваат и се валкаат во брашно.
Потоа во тава со масло се пржат.
Во друг сад се става масло и во него се пропржуваат исецканиот кромид и лук. Се додаваат и исецканите моркови и на крај се додаваат и исецканите домати се става магдонос и зачин по вкус.
Сето тоа убаво се пропржува додека малку да изврие водата од доматите.
Во оваа смеса се додаваат пржените риби се поклопува тавата со капак и се динста околу 30 минути на тивок оган.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови