Ослич во фолија со крајтенбутер
1. Рибата добро се чисти и се брише со кујнска хартија да биде сува.
2. Добро се трие со сол.
3. Се сечат квадратни парчиња алу фолија и на секое парче се посипува малку маслиново масло, па се става парчето риба. Рибата внатре се полни со крајтенбутер, се става и по малку одозгора на рибата, се прелива со малку маслиново масло и фолијата добро се затвора.
4. Се пече на 200 ст.Ц околу 40 мин( може и повеке ако парчињата се поголеми)
5. Се сервира со варен компир и блитва, зачинети со маслиново масло и лук. О
дозгора се преливаат со сосот од печената риба.
На овој начин може да се приготвува секаков вид риба.
КРАЈТЕНБУТЕР или путер со зачини
Путерот се микса со зачинските билки, се става во прозирна фолија и се прави како цилиндер. Се става во фриз на неколку саати за да може полесно да се сече.
Парченце путер може да се стави на печен бифтек, да се намачка на печено лебче или да се користи по желба. На јадењето му дава посебен шмек.
Овој рецепт го открив на еден познат блог и сега го правам по трет пат. Вкусот е толку добар, што моите дома, покрај пржена риба, најмногу го сакаат овој начин на приготвување. Од се срце ви го препорачувам.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови