Компирите излупете ги и исечкајте ги на четвртина, па на коцки.
Посолете ги и побиберете. Измешајте заедн со ситно сечканото младо кромидче и лук. Ставете ги во подмачкан плех со масло. Налејте 500 мл. вода. Покријте со фолија и печете околу 40 мин. на 250 степени. Привремено можете да ги проверувате дали се сварени, само внимателно со фолијата бидејќи можете да се изгорите од пареата..
Откако се сварени може да ја тргнете фолијата и да ги оставите да се запечат ама не мора. Извадете ги од плехот уште топли. Ставете ги во погоден сад или чинија. На нив полејте малку масло и оцет по вкус. Измешајте и служете ја топла, ама и на ладна ништо не и фали.....
Може компирите само да се варат во солена вода, но вака се повкусни. Може да ставите колку сакате кромид, бидејќи тој после се омекнува и се собира, се намалува и не се познава. Може да ставите и кога ја мешате салатата со оцетот и маслото...Може да се стави и нешто од туршија...

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови