22
јан
2014
Оброк салата со туна и марула
Вкусен оброк спремен набрзина. Сите состојки даваат посебно освежување на рибава од конзерва, иако лично не сум љубител на конзервирана храна
Марулата ја миеме, ја сечкаме или цепкаме. Кромитчето и маслинките исто така ги сечкаме на ситно. Туната можете со се маслото во неа да ја истурите во салатата, а може и само месото, ама да додадете маслинов зејтин по желба. На крај го ставате сокот од еден цел лимон, неколку капки оцет балсамико за повкусна арома и пченката од конзерва.
Лиценца: Сите права се задржани