
9
јул
2014
Мешана салата со марула и кисело млеко
Еден рецепт кој совршено ќе се вклопи во софра која е богата со месо. Ќе ве освежи со нејзиниот идеален вкус.
Марулата се мие и се сече на појадри парчиња.
Се додава и пченката.
Лукчето ситно се сецка и се посолува, па се додава во марулата.
На крајот се додава киселото млеко и маслото. Се промешува.
Ова е прекрасна освежителна салата.
Пробајте ја и кажете.
На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови