Мешана салата со марула и кисело млеко
Состојки
- 1 марула ( ако е мала ставете две )
- 500 мл кисело млеко
- 50 мл маслиново масло
- 1 паковка од 100 гр пченка
- 1 чешне лук
Подготовка
Еден рецепт кој совршено ќе се вклопи во софра која е богата со месо. Ќе ве освежи со нејзиниот идеален вкус.
Марулата се мие и се сече на појадри парчиња.
Се додава и пченката.
Лукчето ситно се сецка и се посолува, па се додава во марулата.
На крајот се додава киселото млеко и маслото. Се промешува.
Ова е прекрасна освежителна салата.
Пробајте ја и кажете.
На здравје