Оброк салата со туна и марула
Состојки
- 1 туна конзерва
- 1 марула салата
- 100 гр пченка од конзерва
- 3-4 зелени маслинки, сецкани без семка
- сок од еден лимон
- 4 млади кромитчиња
- неколку капки оцет балсамико
Подготовка
Вкусен оброк спремен набрзина. Сите состојки даваат посебно освежување на рибава од конзерва, иако лично не сум љубител на конзервирана храна
Марулата ја миеме, ја сечкаме или цепкаме. Кромитчето и маслинките исто така ги сечкаме на ситно. Туната можете со се маслото во неа да ја истурите во салатата, а може и само месото, ама да додадете маслинов зејтин по желба. На крај го ставате сокот од еден цел лимон, неколку капки оцет балсамико за повкусна арома и пченката од конзерва.