Ова е многу едноставни колачиња, крцкави поради корнфлексот а вкусни поради нутелата и лешниците или оревите и многу брзо и лесно се спремаат.
Изматете го путерот со нутелата и потоа додадете ги мелените лешници (ореви) и мелениот корнфлекс. Од смесата земајте мали парчиња, оформете топчиња, па благо сплескајте ги и веднаш посипете ги со кокос, мелен лешник или орев.
Напомена-доколку сметате дека смесата ви е сува, додадете нутела.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани