Испечати

Нутфлекс колачиња

Нутфлекс колачиња

Состојки

  • 400 гр мелен корнфлекс
  • 100 гр мелени ореви или лешници
  • 200 гр нутела крем
  • 125 гр маргарин или путер
  • за посип кокос (а можи и мелени лешници,ореви и сл.)

Подготовка

Ова е многу едноставни колачиња, крцкави поради корнфлексот а вкусни поради нутелата и лешниците или оревите и многу брзо и лесно се спремаат.
Изматете го путерот со нутелата и потоа додадете ги мелените лешници (ореви) и мелениот корнфлекс. Од смесата земајте мали парчиња, оформете топчиња, па благо сплескајте ги и веднаш посипете ги со кокос, мелен лешник или орев.
Напомена-доколку сметате дека смесата ви е сува, додадете нутела.