12
окт
2012
Нутфлекс колачиња
Ова е многу едноставни колачиња, крцкави поради корнфлексот а вкусни поради нутелата и лешниците или оревите и многу брзо и лесно се спремаат.
Изматете го путерот со нутелата и потоа додадете ги мелените лешници (ореви) и мелениот корнфлекс. Од смесата земајте мали парчиња, оформете топчиња, па благо сплескајте ги и веднаш посипете ги со кокос, мелен лешник или орев.
Напомена-доколку сметате дека смесата ви е сува, додадете нутела.
Лиценца: Сите права се задржани
Светле, ајде доаѓај и на кафе и на колачи хехе..пак на дојадување не начека ;)
Кате апсолутно се согласувам за лешниците. Јас ставив 20 гр повеќе во рецептот за да не ги умам и ич не ми текна за посип да ги искористам. Во рецептот стои кокос, ама ако беа со лешник или орев повеќе ќе одговараше :)
Дианче и јас така јадам :) ... си имаме ние многу работи овде ;) и треба да дојдиш што поскоро да видиш. тоа ќе биди супер;)