Нирнбершки медењаци - во мој обид
Неколку години наназад се обидувам да ја постигнам текстурата и вкусот на Нирнбершките медењаци. Годинава сум најблиску... И благодарам на Ана за нејзиниот рецепт кој беше основа за тестото на кое јас потоа додавав зачини и други додатоци.
Сите состојки за зачинската мешавина измешајте ги и оставете ги на страна.
Во едно помало тенџерче на среден оган загревајте ги медот, шеќерот, путерот и водата мешајки додека шеќерот сосема се растопи. Оладете ја ова смеса. Во ладната смеса со жица измешајте ги жолчките.
Млакото млеко ставете го во сад од барем еден литар, додајте го прашокот за печење и амонијакот за колачи и измешајте. Внимавајте, многу пена се создава, па држете го садот над тенџерчето со смесата од мед. Добро измешајте ги двете смеси.
Во еден поголем сад во кој ке го правите тестото ставете го брашното и додајте 1 - 2 лажици од зачинската мешавина. Додајте ги и лешниците, кората од лимон и портокал и кандираните кори. Добро промешајте.
Во средината на брашното истурете ги течните состојки, па со мешалките за тесто со миксер мешајте го тестото на мала брзина сите состојки добро да се соединат. Ќе добиете меко, многу лепливо, мазно и сјајно тесто. Има мирис од амонијакот, ама нека не ве грижи тоа. При печењето мирисот ќе испари.
Покријте го лабаво садот и оставете го во топла просторија најмалку 12 часа. Јас го чував во кујната.
Другиот ден на добро набрашнета површина расучете кора дебела 1 прст и вадете форми по ваша челба. Водете сметка дека во печењето медењаците доста нараснуваат.
Редете ги на плехот од шпоретот, на хартија за печење.
Загрејте ја рерната на 180Ц.
Ако ги глазирате медењаците со бела глазура подгответе ја пред да почнете да ги печите, зошто треба да ги глазирате додека се жешки.
Во еден среден сад ставете ги белките, додајте го просеаниот шеќер во прав и матете со миксер со средна брзина 5 - 10 мин. додека не добиете густа, бела, сјајна смеса. Ако ви изгледа прегуста додавајте малку по малку сок од лимон за да ја разредите, или малку шеќер во прав за да ја згустите. На површината залепете прозирна фолија до употребата за да не се суши.
Медењаците печете ги десетина минути. Внимавајте, многу лесно горат. При печењето амонијакот доста мириса, така да отворете прозор или вклучете го аспираторот. Во готовите медењаци тој мирис воопшто не се чувствува.
Веднаш со четка премачкајте ги со бела глазура. Глазурата брзо се суши, па после можете да ги преместите на жица да се оладат до крај и да ги украсувате по ваша желба.
Чувајте ги во добро затворена лимена кутија, со хартија меѓу редовите. Веке другиот ден се многу меки и со пријатен вкус. Можат да стојат долго, 2 - 3 недели, а можат и да се замрзнуваат.
Ана, уште еднаш фала ти....
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Fala ti Sonja sto pomogna okolu amonijakot, i jas od Vero go kupuvam, koga ke odam doma ke go slikam pakuvanjeto...
Amonijakot e agens za podiganje na medenjacite i im ja dava onaa karakteristicna struktura kako na kupenite medenjaci, ne se lebasti ili keksasti kako tie napraveni so soda bikarbona ili so prasok za pecenje.
Jas del ke poklonam, pa tie sto ke probaat ke prenesat vpecatoci :)))
I drugi mi rekle deka glazura ne im treba, ama kao praznicni da bidat :)))
Kef mi e so ti se bendisaa.
Lile, Mirjana, Aleksovska, fala vi :)
Ti rekov deka godinava se poubavi :))
ke vidam utre pak vo Vero da ne donesoa melen, nekni gi polnea raftovite so zacini, se obnoviv ama kardamon samo vo semki... ako ne ke te baram, se slusame...
So zdravje da gi jadite, srekni praznici ! Mnogu mi e kef sto resi da gi napravis, a ne se ni somnevav vo rezultatot :)
Fala ti :)