Во сад ги кршиме јајцата и заедно со шеќерот ги матиме со миксер. Потоа ги додаваме маслото, брашното, пецивото, медот, содата, водата и продолжуваме да го месиме тестото со рака. На набрашнета маса, расукуваме кора од која со калапчиња вадиме форми по желба и ги ставаме во плех обложен со хартија за печење. Ги печеме во загреана рерна на 180 степени околу 20- на минути.
Откако ке се испечат ги лепиме по две со мармалад,. Може да се декорираат по желба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови