Уште еден од листата на рецепти за леб подготвен во пекач. Идеален за појадок со додаток на мармалад, мед, путер....изборот е ваш.
Состојките од рецептот по ред ставете ги во модлата за печење. Изберете ја функцијата за слатко пециво, за тежина на лебот изберете 1000 гр. и по ваш избор опција за печење.
Вклучете го пекачот и после три часа уживајте во тазе печеното, топло и слатко лепче.

Лебот може да го подготвите и без пекачот. Во тој случај сите состојки изматете ги со миксер. Тестото двапати се премесува (мати), после второто премесување се става во модлата и откако ќе стаса се пече. Печете на 180° во претходно загреана рерна.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани