Мини лебчиња со тиквичка во тава
Лебчињата приготвени во тава се нешто што намногу сакам. Ги правам скоро секогаш со различни состојки и сите ми се подеднакво вкусни, со оглед на тоа дека за било какво пециво не знам да речам не чини.
Тиквичката изрендајте ја и со исецканото лукче ставете ја во тава со маслиновото масло кратко да се пропржи (колку да омекне).
Префрлете ја во сад и измешајте ја со рикотата и копарот.
Во подлабок сад од брашното, квасецот, шеќерот, солта, растопениот маргарин и по потреба млака вода замесете тесто.
Потоа во садот додајте ја смесата од тиквичка и рикота и продолжете да месите. Тестото со додавањето на оваа смеса ќе ви стане лепливо затоа по потреба додајте уште брашно.
Откако ќе го замесите тестото поделете го на помали топчиња и со раце малку притиснете ги.
Секое вака оформено лебче од двете страни свалкајте го во малку пченкарно брашно и оставете ги да отстојат 25 минути.
Откако ќе отстојат пржете ги во нелеплива тава со малку масло.
Послужете ги со јогурт и сирење.
Лиценца: Сите права се задржани
(на крај кажи ми, Надице, засукај ракавите и меси си )