Во млаката вода се раствара квасецот, се додаваат солта и шеќерот. Во половината од брашното се додава растопениот маргарин и потоа се сипува малку по малку од водата со квасецот додека да се потроши и по потреба се додава уште брашно.
Се остава тестото да надојде потоа се размесува и расукува кора со дебелина 1,5 цм и со помош на округол калап се прават лепчињата се остават 10 мин да надојдат.
Потоа на шпорет се става тавче кој е вклучен на двојка и во него се додават лепчињата тавата не се подмачкува со ништо се чека лепчето да се запече и да добие мало руменило и веднаш се превртува од другата страна и така секое лепче често се превртува, да не се дозволи лепчето да загори. Доколку на двојка ви е јака температурата се намалува на 1,5 се печат околу 10 минути додека убаво не се скорават двете страни .

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови