Ставете го квасецот во 25те мл вода со шеќерот и малку брашно да надојди.
Во длабок сад просејте го брашното, додадете ги останатите состојки и на крај со водата замесете меко тесто. Доколку сметате дека е потребно додадете уште малку брашно, но тогаш продолжете го месењето на работната маса. Вратете го во садот, покријте и оставете да се дуплира.

Поделете го тестото на 2 дела и од секој развлечете правоаголна кора, која ќе ја премачкате со измешаниот путер и жолчка, па потоа ќе ја наролате како ролат. Пред ролање, по желба можи да ставите фил од сирење, пица фил или што и да е по желба, а можи да ги оставите и без фил. Сечете парчиња со големина од 2 см или пак сечете косо кифлиња во вид на триаголници.
Наредете ги на подмачкан плех и одозгора премачкајте ги со убаво разматената белка со мајонез, па по желба наросете сусам, ким... и сл.
Печете на температура од 200 степени додека не поруменат.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови