19
мај
2020
Сируп од жолти цветови на глуварче
Сирупот е добар за подобрување на имунитетот,ја одржува функцијата на црниот дроб ,е природен диуретик и врши детоксикација на организмот. Го правам секоја година.Може и со бел шеќер да се прави.
1. Се мијат цветовите под млаз вода и се процедува.Се става литар вода во цветовите и се зоврива 10мин. Се остава да преноќи.
2.Се процедува течноста низ газа и се става шеќерот.Се вари 1 саат.Откако ќе се свари се додава лимонот исечкан на тркалца и се вари уште 40мин.
3. Се остава да олади и се складира во чисти тегли.Се консумира една лажица наутро нагладно.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
ако имаш слика, те молам постави да го видам растението