Медицинска салата со аспирин
Морковите малку подварете ги, а пиперките потпечете ги. Исецкајте ги на 1-2 см големина и ставете ги во шерпа или вангла. Додадете ги лукот и магдоносот исецкани и промешајте.
Посебно растворете ги маслото, киселината солта, шеќерот и аспиринот, кој предходно сте го издробиле.
Додадете ја течноста на зедленчукот и убаво измешајте.
После 24 часа се бери во тегли.
Забелешка-
-Често пати јас морковите ги ставам свежи, неподварени. Кој сака, убава е и така.
-Бидејќи не сакаме везани пиперки, јас си ги заменувам со црвена пиперка која исто така одлично се вклопува во салатата.
-Јас ја берам за многу кратко време, скоро никогаш не одстојува како што бара рецептот и воопшто нема никаков проблем.
-Оваа салата слободно можи да си ја направите и во текот на зимата кога ќе ви текни на неа, со варијација на тема-пиперки, но исто така сум ја правела и без нив, ни се допаѓа и така =)
Лиценца: Сите права се задржани
Рецептот за оваа салата го проследив како што е оригинал, а на крај си дополнив начини и измени и заборавив да допишам дека јас скоро никогаш не ставам аспирин, не заради Женевската конвенција како пресметала, ами дека и така си е совршено успешна. Во дополнение е тоа што истата можи да се спрема во помали количини (во случајов на пример оваа доза или на пола) и во текот на зимата, така да аспиринот кој треба да служи како конзерванс и не мора да се става. Лично јас немам ништо против таблетата (иако скоро никогаш не ја ставам), затоа што г-ѓа Данче аспиринот е најпопуларната таблета во светот која се користи и како антипиретик и како аналгетик и како антиинфламаторен лек, што значи дека апсолутно овде не е штетен во оваа доза, дури би рекла и корисен. Секој лек е отров ако се претера :) Во врска со салицилната киселина можам да кажам дека ако е забранета, најпрво не би требало да ја продаваат, а јас пак, доматата исклулчиво на тој начин ја конзервирам бидејќи така ни е најслатка...за сега фала Богу... супер си сме. Всушност и не сум се заинтересирала што би биле последиците од неа. Во прилог само ова на сите кои некако ми се во тренд со здрава храна-сте се прашале ли тоа здраво јаболко што ќе го изедете колку пестициди содржи? Во денесно време се е нездраво, ако се задлабиме во прецизности :) За крај, да не ме сватите погрешно, ги ценам сите ваши мислења, а погоре само опишав какво е моето :)
И како пост скриптум, обраќање кон Мои Рецепти во врска со насловот:) Бидејќи салатава содржи аспирин ја нарекле Медицинска ;)
Голем поздрав до сите <3
Se izvinuvam , nemav namera da Ve tormozam so zdrava hrana.
....... a osata umre od udar ili od aspirinot vo salatata :))) ..... malku shala
Осата умре од лакомост :) Во оваа доза не ставив аспирин затоа што е планирана да се потроши многу скоро :) А и аспирините сум ги испила, па немав ни при рака за да ставам ,баш онака, профилактички ;)
Случка на фотосесија
На сред сликање посакав малку сонце, па го отворив прозорецот да не ми смета пердето.
Дека е вкусна, вкусна е ;) ете доказ дека и осите не избегаа од киселината :)))) Влета пред објектив со брзина на светлината и право во теглата :)
R.I.P. за осата :)
A osickava barem sita si poginala...R.I.P. :)
Бети, оваа салата одамна беше хит, како некој новитет од зимница. Дури и тоа време, јас веќе дете, слушав како возбудени сакаа да ја имаат сите во зимница оти била „медицинска“ сметаа дека доктор ја има составено оти аспирин има хаха... всушност покасно откако се заинтересирав „од што мака е таблетава на здраво“ во салатава, научив дека служи како конзерванс :) Аспиринот профилактички многу луѓе го користат, па во толкава доза по порција и мн. мал дел ќе се внеси во организмот - ич не е страшна работа (ова сега јас пак се обраќам на оние што се скептични :) )
Veruvam deka zagrizenite za zdravjeto si ja presmetaa koncentracijata, koga tabletata ke se podeli na kolicinata sostojki, i se prebroija so dozata koja ke ja primat so nekolku lazici salata.... Sepak, vo nisto ne treba da se preteruva...
a koj kako saka neka ja pravi so ili bez aspirin.
Slikite kako i sekogas odlicni, a sto se odnesuva do nazivot, moze taka ja krstile bidejki izobiluva so minerali i vitamini pa e odlicna za krevanje na imunitetot.
Насловот е малку изменет бидејки сметаме дека самиот наслов треба детално да ја опише салатата и нејзината специфичност. Ве молиме, бидејќи сега бројот на објавени рецепти е прилично голем, во насловите на рецептите да ги вклучувате овие специфичности, за подобра класификација и разликување на рецептите.
Поздрав
Како би било малку карфиол да се стави на цветчиња поделен? Ќе ја биде ли?