Медицинска салата со аспирин
Состојки
- 1 кг везани пиперки
- 2 кг моркови
- 2 китки магдонос
- 2 главици лук
- 250 гр масло
- 300 гр винска киселина
- 2 лажици сол
- 2 лажици шеќер
- 1 таблета аспирин
Подготовка
Морковите малку подварете ги, а пиперките потпечете ги. Исецкајте ги на 1-2 см големина и ставете ги во шерпа или вангла. Додадете ги лукот и магдоносот исецкани и промешајте.
Посебно растворете ги маслото, киселината солта, шеќерот и аспиринот, кој предходно сте го издробиле.
Додадете ја течноста на зедленчукот и убаво измешајте.
После 24 часа се бери во тегли.
Забелешка-
-Често пати јас морковите ги ставам свежи, неподварени. Кој сака, убава е и така.
-Бидејќи не сакаме везани пиперки, јас си ги заменувам со црвена пиперка која исто така одлично се вклопува во салатата.
-Јас ја берам за многу кратко време, скоро никогаш не одстојува како што бара рецептот и воопшто нема никаков проблем.
-Оваа салата слободно можи да си ја направите и во текот на зимата кога ќе ви текни на неа, со варијација на тема-пиперки, но исто така сум ја правела и без нив, ни се допаѓа и така =)