Интересни, меки, медени и здрави мафини, кои се припремаат со стандардна процедура. Едноставно посебно се мешаат сувите состојки, а посебно јајцето со шеќерот со маталка се разбива и се додаваат останатите водени состојки, во кои на крај се вмешува ренданато чоколадо и тиквичката. На крај се вмешуваат и измиксаните суви состојки.
Тестото се остава да одмори додека се загрее рерната на 180 степени, па се полнат модличките за мафини и се печат 15-20 мин.
Откако ќе оладат, одозгора се декорираат со шлаг, прелив или стопено чоколадо. Интересен шмек над било која декорација што ќе ја изберите е и да додадете одозгора сируп од вашето омилено слатко или мармалад.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови