Испечати

Медени мафини со тиквичка

Медени мафини со тиквичка

Состојки

  • 160 гр брашно
  • 130 гр интегрално брашно
  • 1 полна лажица какао
  • прстофат сол
  • по половина лажичка од- прашок за пециво, сода бикарбона, цимет, куркума
  • 3 јајца
  • 130 гр шеќер
  • 3 полни лажици мед
  • 110 мл масло
  • 11 0 мл цврст или густ јогурт
  • 100 гр рендано чоколадо
  • 280 гр рендана тиквичка
  • 1 лажица екстракт од ванила

Подготовка

Интересни, меки, медени и здрави мафини, кои се припремаат со стандардна процедура. Едноставно посебно се мешаат сувите состојки, а посебно јајцето со шеќерот со маталка се разбива и се додаваат останатите водени состојки, во кои на крај се вмешува ренданато чоколадо и тиквичката. На крај се вмешуваат и измиксаните суви состојки.
Тестото се остава да одмори додека се загрее рерната на 180 степени, па се полнат модличките за мафини и се печат 15-20 мин.
Откако ќе оладат, одозгора се декорираат со шлаг, прелив или стопено чоколадо. Интересен шмек над било која декорација што ќе ја изберите е и да додадете одозгора сируп од вашето омилено слатко или мармалад.