Медени мафини со тиквичка
Интересни, меки, медени и здрави мафини, кои се припремаат со стандардна процедура. Едноставно посебно се мешаат сувите состојки, а посебно јајцето со шеќерот со маталка се разбива и се додаваат останатите водени состојки, во кои на крај се вмешува ренданато чоколадо и тиквичката. На крај се вмешуваат и измиксаните суви состојки.
Тестото се остава да одмори додека се загрее рерната на 180 степени, па се полнат модличките за мафини и се печат 15-20 мин.
Откако ќе оладат, одозгора се декорираат со шлаг, прелив или стопено чоколадо. Интересен шмек над било која декорација што ќе ја изберите е и да додадете одозгора сируп од вашето омилено слатко или мармалад.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Јас ќе пробував да направам нешто како Zucchini bread или тортата од МоиРецепти,ама потполно заборавив.Дали може да се направат ова време, уште имаме тиквички ама изгледа се стари... ?
Фала ви на сите за убаавите коментари. Многу ми е мило што ви се допаднаа. Освен што изгледаат привлечно на сликата, навистина се убави и за јадење. сите кои проба такас е изјаснија и тоа без да ги праша некој :)))) Како што кажав малку одстоени се уште поубаави за јадење. Веројатно така се сталожуваат и спојуваат состојките после печењето... :)